Wing, одделот на компанијата Alphabet, забележува огромен пораст на бројот на лица кои ги користат нивните дронови за испорака на производи во рурални делови на Вирџинија, додека трае пандемијата на коронавирусот, пишува Bloomberg.
Wing започна со пробни летови на дроновите минатиот октомври, а сега веќе ја зголемува флотата и бројот на продукти што може да се нарачаат.
“Технологијата е особено корисна во време кога луѓето треба да останат дома и да ги ограничат меѓусебните контакти“, велат од Wing.
Најчесто овие дронови доставуваат продукти од пекари, кафулиња и слаткарници, но и производи што се меѓу најбараните во услови на криза: тоалетна хартија, лекови, средства за дезинфекција, храна за бебиња и слично.