Благодарение на одличната финансиска 2019 година, германскиот производител „Порше“ ќе им исплати на вработените готовински бонус од 9.000 евра, заедно со додаток 700 евра наменет за пензискиот фонд на компанијата.
Одлуката на раководството да исплати бонуси ќе им помогне на вработените во време кога германската автомобилска индустрија се соочува со затворање на фабриките и криза поради пандемијата.
Порше исто така ги охрабрува своите работници да донираат дел од парите во програмата „Порше помош“ или други добротворни организации за борба против коронавирусот.
Компанијата собра уште 5 милиони евра за истата цел, вклучително и донации во храна а оние кои имаат потреба, како и медицинска помош.
“Солидарноста во нашето општество е поважна од кога било. Индустријата, политиката и општеството: заедно ќе ја надминеме оваа криза. Ова е нашата основна филозофија и нашето разбирање за одржливо дејствување”, рече Оливер Блум, извршен директор на Извршниот одбор на компанијата.