Странските државјани кои престојувале во Германија за работа или туризам нема да бидат казнети ако им истече визата.
Сите странци кои ја посетиле Германија поради работа или туризам и не биле во можност да ја напуштат земјата поради преземените мерки за борба против коронавирусот, нема да бидат казнети поради истекот на визата, пренесува Агенцијата Анадолија.
Во соопштението на германското министерство за внатрешни работи се вели дека странските државјани нема да бидат казнети за истекување на работната или туристичката виза до 30 јуни.
Беше истакнато и дека одлуката повторно ќе се разгледува по 30 јуни.