Министрите на вчерашната седница го аминуваа предлогот за вработувањата во основните и средните училишта .
Имено, дадоа зелено светло за вработување на лица на неопределено работно време во дејноста на основното и средното образование, за работни места за кои може да се оствари полно работно време.
Меѓудругото од Владата соопштија дека министрите го прифатиле и взаемно признавање на високообразовните степени, дипломи и сертификати по текст спогодбата помеѓу Министерството за образование и вработување на Република Малта и Министерството за образование и наука на Република Македонија.
извор: faktor.mk