Од среда, 15ти април, во Данска ќе бидат ублажени дел од мерките за борба против епидемијата на коронавирусот, така што децата на возраст до 11 години ќе се вратат во училиштата и градинките.
Пред точно еден месец Данска нареди да се затворат градинките, училиштата и сите други образовни институции во земјата.
Но, откако данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека ширењето на коронавирусот е ставено под контрола, владата одлучи повторно, чекор по чекор, да ја отвори економијата.
Важно е Данска да не е затворена повеќе од тоа што е потребно, изјави таа пред данските новинари.
Секако, отворањето на објектите нема да биде брзо и инензивно.
Ако премногу брзо ја отвориме земјата, ризикуваме инфекцијата повторно да започне брзо да се шири, нагласи премиерката.
Во Данска досега беа регистрирани 6.174 позитивни случаи на коронавирус, а бројот на жртви се искачи на 273.