Италијанскиот произведувач во 2019 година продал 10.131 возило.
Ферари зад семе има многу успешна година во која по прв пат во историјата за 12 месеци на купувачите има се испорачани повеќе од 10.000 автомобили.
Во скоро сите региони од светот, освен на американскиот контитент е забележан раст на продажбата на Ферари, а заработката е зголемена за 10,1% во однос на 2018, пишува сајтот „Fiat Group World“.
Истито извор наведува дека заработната од продажбата на 10.131 автомбил во просек изнесува дури 86.369 евра по возило.
За споредба, БМВ мора да продаде 30 автомобили за да заработи толку колку што на Ферари му носи еден Автомобил, а за Фолксваген да оствари толкав профит треба да продаде 56 возила.
На Мерцедес иста заработна би му донеле 67 продадени автомобили.
Интересно е дека Ферари во 2018 година продал помалку возила отколку во 2019 но заработката била уште поголема за едно возило (86.801 евра).