Тимската работа игра огромна улога во успехот на компанијата. Тимот претставува кохезија меѓу поединци, чија енергија, знаење и искуство треба да се насочат кон остварување на целите на компанијата. Ако работите од дома, мора да го одржувате моралот на вработените, да останат мотивирани и продуктивни и во вакви услови.
Останете поврзани иако не сте во иста канцеларија
Физичката одвоеност, односно работа на секој од својот дом, не треба да значи дека колегите не треба меѓу себе да комуницираат. Одберете платформа чиј формат најмногу ви одговара, разговарајте не само за работа, туку и споделувајте искуства и мислења за актуелни случувања, настани и слично. Само така ќе ја почувствувате енергијата на тимот и ќе продолжите да работите подеднакво добро како да сте во вашата канцеларија.
Не ги заборавајте важните датуми, настани и родендени
Тимскиот дух е важен за одржување мотивација во услови на пандемија. Доколку поради оваа причина сте останале да работите од дома, можеби на почетокот ќе ви биде чудно, но ако продолжите да комуницирате со колегите, тогаш лесно ќе се прилагодите. Не заборавајте да честитате ако некој колега слави роденден. Во овие вонредни услови, поддршката од луѓето со кои работите, може многу да значи.
Онлајн teambuilding
Поврзаноста на членовите на тимот, нивна непосредна комуникација, споделување проблеми, предизвици и одржување на висока мотивација меѓу вработените, ќе значи полесно надминување на проблемите и потешкотиите. Одвојте барем 10-тина минути во денот, да се слушнете, да поразговарате за теми што не се директно поврзани со работата и да им дадете поддршка и да споделите по некој убав збор.