Во блиска иднина без работа нема да останат ИТ професионалци и луѓе со средно образование, смета рускиот експерт Роман Шкут.
Експертот Роман Шкут смета дека во следниот период најбарани кадри на пазарот на трудот ќе бидат експертите од областа на ИТ, додека правниците и економистите ќе бидат потиснати. Од друга страна, ќе расне потребата за некои занаетчиски професии како бравари и водоводџии.
Шкут не ја исклучува и можноста да настанат нови професии како резултат на пандемијата.
На пример, во областа на безбедност на храната. Веќе нема да бидат потребни само агрономи, туку и експерти кои ќе можат да го предвидат очекуваното количество на приноси, изјави тој за Росијскаја газета.
Експертот нагласи и дека сега е вистинското време за луѓето да почнат со онлајн обуки, да се запишат на курсеви и други тренинзи објавени на веб страните за вработување.