Министерството за финансии на САД започна со исплата на 1.200 долари на сите американци кои примаат минимална или просечна плата.
Чекот кој е дел од мерките за стимулација на економијата ќе биде со потпис и печат на претседателот Доналд Трамп.
Како што наведува Вашингтон Пост, Министерството за финансии дало наредба во левиот дел од чекот да стои “претседател Доналд Трамп” и неговиот потпис.
Три извори за весникот утврдуваат дека шефот на државата лично му ја дал оваа идеја на секретарот за финансии Стивен Мнучин.
Весникот го критикуваше Доналд Трамп за ваквиот политикантски потег наведувајќи дека ова е уште еден обид на претседателот Трамп проблемот со пандемијата да го решава со политички средства.
Според Министерството за финансии, околу 80 милиони американци ќе добијат еднократни исплати во висина од 1.200 долари.