Gulf Oil донира 3 милиони денари во финансиски и материјални ресурси на располагање на државните институции во борбата против ковид-19. Компанијата денес ја направи првата донација обезбедувајќи 10 тони нафта на Општина Куманово како една од најпогодените области од вирусот.
“Во овој момент се наоѓаме во ситуација во која треба да ги здружиме силите, да бидемесолидарни и секој да помогне на најдобар можен начин. Ја направивме првата донација во Општина Куманово, но ќе помогнеме и на други места и институции. Ги поддржуваме мерките за рестрикција и веруваме дека ќе помогнат да се стави ситуацијата под контрола и ќе спречат понатамошно ескалирање.“ велат од менаџментот на Gulf Oil.
Компанијата уште од почетокот на вонредната состојба им обезбеди услови за работа од дома на своите вработени, а воведе специјални заштитни превентивни мерки за вработените кои мораат да бидат на своите работни места на бензинските пумпи и во транспортниот сектор, како и за сите купувачи на нивните малопродажни места.
Дополнително Gulf одлучи да продолжи со рекламирање на сите медиуми со кои веќе има соработка, во момент кога голем дел од компаниите прекинуваат, со цел да ја поддржи нивната работа за навремено и точно известување на граѓаните за сите новости поврзани со ситуацијата, а се вклучија и со активна кампања на социјалните медиуми за заштита и превенција од Ковид-19.
„Изразуваме огромна благодарност на сите кои се во првите редови на оваа борба: здравствените работници, вработените во МВР, вработените во маркетите, аптеките и сите оние кои во моментов ја имаат најтешката работа и контакт со најголем број на луѓе.“