Европската агенција за безбедност на храната заедно со европските и светските национални надлежни органи за безбедност на храната укажуваат дека досега не постојат докази дека храната е веројатен извор или пат за пренос на вирусот предизвикува на пандемијата со Ковид-19, пренесува Агенцијата за храна и ветеринарство.
На прашањето, кој е најдобар начин за чистење на потенцијално контаминираните површини, одговорот е: потенцијално контаминираните работни површини можат да се исчистат за да се отстранат сите траги на вирусот. 70% алкохол е многу ефикасен за дезинфекција на кваките на вратите или компјутерските тастатури. Посебна внимателност при употреба е потребна доколку се користи варикината за дезинфекција, затоа што може да ја нагризе кожата и слузокожата. Телефонот може да биде главен вектор за пренос на вирусот. Екранот на мобилниот телефон може да се дезинфицира со помош на марамче за дезинфекција или хартиен бришач натопен во алкохол.
На прашањето кој е ризикот од инфекција со Ковид-19 од прехранбени производи увезени од погодените подрачја, одговорот е: нема доказ за пренос на Ковид-19 преку храната и нема доказ дека прехранбени производи увезени од Европската унија во согласност со применетите животински и јавно здравствени регулативи претставуваат ризик по здравјето за жителите на ЕУ во однос на Ковид-19. Главниот начин на пренос е од човек на човек.