Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, одлучи да ги откаже сите планирани настани со 50 или повеќе лица до јуни 2021 година.
Во својот пост на Фејсбук, тој објави и дека сите вработени во Фејсбук ќе работат од дома барем до крајот на мај, но не ја исклучува можноста тоа да се случи и порано доколку се одржат некои посебни активности во компанијата.
Неговата компанија исто така ги суспендира сите деловни патувања до јуни.
Поради пандемијата на коронавирусот, Фејсбук го откажа својот најголем настан “Ф8” кој требаше да се случи во февруари, каде што компанијата ја претставува својата визија за иднината и новите продукти, а откажана е и големата конференција за маркетинг која беше планирана да се одржи во Сан Франциско.