Компанијата „Нуова неон груп 2“ од Италија понуди солуција за летово, сепак, безбедно да се користат плажите среде пандемијата од коронавирус – кабини од плексиглас.

Тие би биле високи два метра, а широки 4,5 м, односно доволно пространи за во нив да се сместат две лежалки и еден чадор за сонце, со кои ќе се исполни барањето за социјално дистанцирање.

 
„Пред една недела се обидовме да замислиме како ќе изгледа враќањето на плажа. Идејата е родена во желбата да се заштитиме, но и за да се овозможи повторно покренување на активностите“, изјави директорот на фирмата, Клаудио Ферари, за италијанскиот весник „Република“.

Фирмата, кој веќе добила нарачки од италијански плажи, се занимава со производство на панели, а во последно време се специјализира за изработка на заштитни прегради за банки, болници, но и ресторани