Регулаторната комисија за енергетика предмалку ја соопшти новата одлука со која се врши зголемување на малопродажната цена на нафтените деривати во просек за 3.12 проценти!
Согласно новата Уредба за акцизи усвоена од владата со која цената на акцизата се зголеми за 3 денари, РКЕ ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од вечерна на полноќ.
Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се зголемат за 3,50 денари за литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 54,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се зголеми за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 46,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар за литар и ќе изнесува 34,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,983 ден/кг и ќе изнесува 19,123 ден/кг.