„Негуваме позитивна корпоративна култура и веруваме дека отпуштањето на вработени е краткорочна стратегија која не носи ништо добро на пазарот на трудот и капиталот“, велат од Секторот за човечки ресурси на Квалитет Пром.
Квалитет Пром е компанија со широк опсег на дејности, изградено име и репутација на сигурен и стабилен партнер во снабдувањето со градежни материјали и еден од најголемите работодавачи во Општина Куманово.
Поради здравствено економската криза која настана како резултат на пандемијата Ковид-19, Квалитет Пром ја информира јавноста дека компанијата нема да ги отпушти своите вработени, односно договорите на определено време ќе ги продолжи и заедно со своите вработени ќе ја преброди кризата која во моментов ги зафати сите индустрии.
Негуваме позитивна корпоративна култура и веруваме дека отпуштањето на вработени е краткорочна стратегија, која не носи ништо добро на пазарот на трудот и капиталот. Вработените во нашата компанија се најголемиот капитал и за нашиот брендинг се пред, за време и по завршување на кризата наше богатство, велат од Секторот за човечки ресурси на Квалитет Пром.
Оттаму велат дека во целост се почитуваат препораките и мерките на Владата, па дури и на сопствен трошок компанијата оди над тоа, а се во името на здравјето и благосостојбата на своите вработени и со единствена цел намалување на здравствениот ризик на вработените.
Почитувајќи го пред сè начелото на превенција, Квалитет Пром имплементираше План на мерки за безбедност и здравје при работа во услови на опасност од ширење и зараза со коронавирусот Ковид-19, кој се ажурира согласно мерките и препораките на Владата и надлежните органи за заштита и превенција од коронавирусот со кој се запознаени и вработените.
Сето ова, како што велат од компанијата, се смета како влог во иднината бидејќи само со заедничка општествена посветеност ќе успееме да ги надминеме сите предизвици.
Компанијата има успешна формула за менаџирање со луѓето и ќе продолжи да ги подобрува и проширува капацитетите на своите човечки ресурси за уште повеќе да ја зајакне меѓусебната лојалност на компанијата и вработените во оваа здравствено економска криза.
Со оптимистички став кон иднината, Квалитет Пром посветено и солидарно придонесува за побрзо излегување од кризата.