Вредноста на ваучерот ќе изнесува 100 денари, а ќе може да се добие со секоја он-лајн резервација направена преку интернет страницата restorani.mk.
Скопските кафеанџии ќе даваат ваучери за такси на пијаните гости. Оваа можност е дел од капмањата насловена како „Ги возиме одговорните”, чија што цел е граѓаните да избегнуваат да возат под дејство на алкохол за да не ги загрозат својот и животот на другите учесници во сообраќајот.
Вредноста на ваучерот ќе изнесува 100 денари, а ќе може да се добие со секоја он-лајн резервација направена преку интернет страницата restorani.mk.
Во триесет скопски угостителски објекти ќе се делат бесплатни ваучери за такси, а ваучерите се дел од проектот на град Скопје, АМСМ и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата за спречување на сообраќајни несреќи предизвикани од пијанство.