Од денес е задолжително носење на лична заштитна опрема за носот и устата која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично.
Министерот за здравство на својот Фејсбук профил обајви неколку корисни информации за тоа каде точно треба е задолжително носењето на заштитна опрема.
Носењето е задолжително во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.
Носење заштитна опрема на отворено е задолжително на отворени пазари и секогаш кога не можете да одржувате минимална дистанца од 2 метри од најблиското лице до вас.
Што значи практично ова?
Доколку се движите низ гужва на улица, чекате јавен превоз со голем број патници на станицата или сте во слична ситуација да морате да бидете во непосредна близина на други лица и не можете да се одалечите на 2 препорачаната дистанца од 2 метри, задолжително носете заштитна опрема.
Заштитна опрема надвор не е задолжително ако:
– престојувате во двор на станбена семејна куќа,
– возите велосипед или спортувате на отворено, но ја одржувате дистанцата од минимум 2 метри,
– патувате во патничко моторно возило со лица со кои заедно живеете
– се движите на јавни места и површини од отворен тип каде не слободно може да одржувате дистанца од 2 метри.
Заштитната опрема е значајна да го спречиме ширењето на вирусот, со неа се штитите себеси и сите околу вас. Да бидеме одговорни и заедно да го спречиме ширењето, од сите нас зависи!