Ова процентуално како одговор го дале најголемиот број на испитаници на акетното прашање „Што треба да се случува со кириите во време на вонреднава ситација?“ Кое беше поставено на нашиот сајт
39% сметаат дека е сосема хумано и логично оние кои издаваат да бидат солидарни со кирајџиите бидејќи дел од нив се затворени и заработката им е еднаква на 0 па се прашуваат од каде пари за кирија ако нема ликвидност?
23% сметаат дека наемот воопшто не треба да се плати. Бидејќи дуќаните се затворени не работат па во суштина не се ни користат. А има и предлог државата да ги потпомогне со парични средстава.
Од друга страна се покренува дискусија за оние кои како основен извор на средства им е наемот како пак тие да се однесуваат во ситуацијава?
Следната опција пола пола е 17% од одговорите. Односно да се плати само половина од киријата а сопствениот на дуќанот да има разбирање.
Фер е за двете страни напишал еден акетиран затоа што кризата е подеднаква за сите.
13% се за пролонгирање на плаќањето после кризата а 7 % се за тоа регуларно да си се плаќа наемот без разлика дали дуќанот работи или не.
-Доколку не се плати киријата, ќе бидат оштетени издавачите на деловен простор – заклучува еден од анкетираните
Новата анкета веќе е на нашиот сајт и ве прашуваме :
Дали сметате дека целава ситуација со мерките и забраните за движење беше оправдана?