Неколкумина, луѓе што ги познава денешницата ја предвиделе пандемијата на корона вирусот. Голем број портали во светот како и социјалните мрежи зовреа по објавувањето на претскажувањата на Баба Ванѓа и Нострдамус, но, за ширењето на заразата пишува и американскиот писател на научна фантастика Дин Кунц во романот „Очи на темнината“ од 1981 година. Имено, Кунц во оваа книга, чија продажба сега доживува експанзија, пишува токму за опасниот вирус, создаден како биолошко оружје, а вниманието на корисниците на Интернет и на таблоидите е привлечено токму од кинеското потекло на вирусот, кој авторот Кунц го нарекува Вухан-400.
Неговата фантазија во книгата оди до детали: „Околу 2020. година ширум светот ќе се прошири сериозно заболување кое ќе ги напаѓа белите дробови, а сите познати лекови ќе бидат бескорисни“, пишува во последното издание на книгата на Кунц.
Авторите на емисијата „Нова руска сензација“ емитуваа предвидување од баба Ванѓа, која пандемијата ја опишала со следните зборови: Ужасна болест од Исток ќе беснее низ светот.
Актуелната пандемија, ја предвидел и францускот лекар и алхемичар, кој вели: Во годината на близнаците ќе се појави кралица која ќе дојде од Исток и во темнината на ноќта ќе доведе чума во земјата со седум брда и ќе го уништи светот. Овие негови зборови се протолкувани дека годината на близнаците е 2020, кралицата од Исток е корона вирусот, а Италија е државата со седум брда.
извор: faktor.mk