Откако Владата одлучи да им ја намали платата, се огласија и пожарникарите за да го искажат своето незадоволство бидејќи досега работеле на висината на својата задача во време на коронавирусот во нашата земја.
Еден од нив на својот Фејсбук профил напиша:
Како човек и како пожарникар крајно сум огорчен и револтиран со дознавањето во последен момент дека на пожарникарите ќе им бидат намалени платите…?
Најхуманата професија да се потцени!!! Пожарникарите учествуваат во сите вонредни ситуации, непогоди, земјотреси, поплави, пожари, сообраќајни незгоди ..итн.
Пожарникарите кои без прекин одеа на работа сменски изедначени со административци, со јавна администрација која работи редуцирано, или поголемиот дел од тие вработени се два месеци дома, седат дома и земаат цела плата, а да се удри по пожарникарите?
Крајно нехуман однос,..навистина нечесно…
Ако треба пожарникарите и цела плата ќе остават..ама на ваков начин кога други седат дома и цела плата земаат,а а се зема од најхуманите.
Што друго да се напише….?
Еден апел до владата да го измени својот став..кој е навистина, навистина крајно некоректен!
Против оваа одлука се побуни и Синдикатот на пожарникари на Град Скопје кој побара пожарникарите да бидат изземени од истата.