Во САД е покрената петиција за покренување истрага против основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, за „злосторство против човештвото и злоупотреба на медицината“.
Петицијата која е објавена на веб страната на Белата куќа „Ние луѓето“, досега е потпишана од 425.000 лица, што е четирипати повеќе од бројката која е потребна за добивање официјален одговор од Белата куќа.
Од федералната влада се бара да му наложи на Конгресот да се спроведе сеопфатна и јавна истрага.
Додека ги разгледуваме настаните околу пандемијата „Ковид-19“, многу прашања остануваат неодговорени. На 18 октомври 2019 година, само неколку недели пред појавата на првата жртва во Вухан, се случија два големи настани. Еден од нив е „Настан 201“, а другиот „Светски воени игри“ – и двата се одржаа во Вухан, стои во петицијата.
Потоа, во петицијата против фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ се вели дека „оттогаш се прави притисок низ целиот свет за да се направи вакцина и да се воведе биометриско следење на луѓето“.
Потписниците на петицијата сметаат дека на чело на ова стои Бил Гејтс.
Петицијата беше покрената на 10 април, а за само неколку дена ја потпишаа 100.000 луѓе, што значи дека Белата куќа има рок од 60 дена да се произнесе во врска со ова прашање.