Управата за јавни приходи ќе започне со исплата на повратот за првото тримесечје годинава односно за јануари, февруари и март од 6 мај.
Сепак овојпат ќе има новина односно корисниците на апликацијата Мој ДДВ од денес ќе можат да го донираат со што како што вели директорката на УЈП Сања Лукаревска, ќе учествувате во борбата против Коронавирусот COVID-19.
Во апликацијата МојДДВ на располаѓање се опциите:
ДА ,,го донирам мојот поврат на ДДВ ‘’
и
НЕ ,,благодарам’’.
Физичките лица кои ќе одговорат потврдно даваат согласност за донирање на целиот износ, додека оние кои ќе одговорат негативно ќе имаат можност да го сменат своето мислење до 5 мај 2020 година.
Лукаревска во пост на фејсбук објасни дека опцијата за донација има три чекори
„Првиот чекор е влез во опцијата за донација
Вториот чекор е за донацијата
Во третиот чекор Ве прашуваме уште еднаш дали сте согласни да донирате.
Министерството за финансии соопшти утрово дека се укинуваат месечните награди за МојДДВ, Моја Награда.