Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која во февруари 2020 година, изнесувала 27.206 денари.
Податоците на ДЗС откриваат дека во Македонија има професии каде просечната плата е двојно поголема од државниот просек. На првото место на листата професии со највисоки просечни плати за февруари, годинава се вработените во секторот „останати стручни, научни и технички дејности“ со исплатена просечна плата од 70.869 денари.
На второто место е секторот “компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ со просечна плата од 64.535 денари, а на третото место секторот „производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ со просечна плата од 46.452 денари.
Потоа следуваат секторите „финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови“ (44.922 денари) и „телекомуникации“ (41.573 денари).