Од понеделник Србите почнуваат со масовно тестирање на населението. Планирано е да се тестираат од 7000 до 10 000 домаќинства ширум земјата. И таму каде имало и таму каде немало заразени. Ке се тестираат цели семејства за да се испита присуството на антитела што пак ќе значи дека лицето има стекнато имунитет на корона.Односно го прележал а не ни бил свесен за тоа.
Ова им е потребно за да знаат како да се однесуваат на есен и дали треба да стравуваат за нов страшен бран или можат да бидат спокојни.
- Додека не го завршиме тестирањето, не знаеме ништо за колективниот имунитет, сè што ќе кажеме се заснова на претпоставки и пресметки. Тоа е голема работа, студијата сè уште се прави, ние само ќе го утврдиме начинот и времето, но она што е познато е дека за разлика од тековното тестирање, кога присуството на вируси се открива со брисеви, присуството на антитела ќе се утврди со крв - објасни Епидемиолог проф. Д-р Бранислав Тодоровиќ
- На Луѓето од целата земја ќе им бидат земени примероци така што некаде пред есента, ми се чини дека ќе имаме јасна слика за тоа дали стекнавме колективен имунитет, од 60, но би било добро да бидат 70 проценти - вели д-р. Тодоровиќ
Доколку е стекнат иминутет тоа ќе значи дека населението има штит доколку вирусот се врати во есен и зима, што е многу веројатно