Француската влада планира да ја продолжи вонредната состојба во Франција до 24 јули, задржувајќи им го на надлежните органи правото да го ограничат движењето на граѓаните.
Вонредната состојба е на сила од 24 март и ќе биде продолжена затоа што укинувањето на 23 мај би било „предвремено“, според законот што денеска го донесе владата и ќе биде испратен до парламентот на усвојување.
Патниците кои пристигнуваат во Франција, вклучително и француски државјани кои се враќаат дома, ќе треба да бидат во изолација две недели за да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави францускиот министер за здравство во средата.
„Ќе се наметне карантин за секој човек што се враќа на француска територија“,рече министерот за здравство Оливие Веран на прес конференцијата по седницата на владата.
Тој рече дека должината и условите на самоизолација на асимптоматските лица и карантин за лица со симптоми на ковид-19 ќе бидат дефинирани со указ што ќе биде објавен наскоро.
Одлуките за воведување карантин ќе бидат набљудувани од судството за да се осигурат дека тие се оправдани и праведни, додаде Веран.
Не е јасно дали изолацијата се однесува само на луѓе кои доаѓаат надвор од шенген-зоната, дали ќе бидат во самоизолација во своите домови или хотели и колку долго ќе остане во сила одредбата.
Олабавување на мерките во Франција започнува од 11-ти мај.
Франција е петта најтешко погодена земја со 24.594 смртни случаи од ковид-19.
Во вторник, ќе му препорачаме на парламентот да се продолжи вонредната состојба и ограничувањата за коронавирусот за уште два месеци во Франција, изјави денеска министерот за здравство на земјата, Оливие Веран.
На состанокот на кабинетот на кој се разговарало за кризата предизвикана од пандемијата на „ковид-19“, предлогот на Веран бил договорен и од министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер, а владата во вторник ќе предложи вонредната состојба да биде продолжена до 24 јули.
„Ако ги олеснивме мерките преку ноќ на 11 мај, сите напори што ги вложивме, што ги вложија сите француски граѓани ќе бидат залудни“, рече Веран на прес-конференцијата, пренесува Си-Ен-Ен.