За прием на 39 извршители зa работа (приправници без работно искуство) со високо образование VII/1 степен (четиригодишни студии) или најмалку 180 кредити според ЕКТС во областа и 8 изврштели со завршено средно образование (во областа), и тоа:
I. 1 30 извршители со завршен Факултет од областа на безбедноста;
I. 2. 4 извршители со завршен Правен факултет;
I. 3. 3 извршители со завршен Економски факултет;
I. 4 2 извршители со завршен Факултет за информатички технологии од областа на информатичка технологија, електроника, телекомуникации, автоматика или вештачка интелигенција;
II. 1. 8 извршители со завршено средно електротехничко училиште или друго средно образование во областа;
1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија,
-да е полнолетен
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е здравствено и психофизички способен
-со правосилна пресуда да не му е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност
-со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на лицето
2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
-основно познавање на англиски јазик (познавање на други светски јазици се смета за предност)
познавање на работа со компјутери
3. Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните докази за исполнување на пропишаните услови, во оригинал или копија заверена на нотар:
-диплома или уверение за завршен степен на образование,
-извод од матична книга на родените,
-доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност,
-сертификати и дипломи за завршени стручни курсеви и обуки и
-кратка биографија (CV)
Кандидатите се должни во пријавите да ги наведат следните податоци:
-бројот на работно место за кое се пријавува согласно точка I и II од огласот;
-име и презиме, единствен матичен број на граѓанинот, датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, припадност на заедницата;
-последен степен на завршено образование (дипломи за завршено средно образование и дипломи уверенија за завршено високо образование),
-познавање на странски јазици
Кон пријавата кандидатот може да ги наведе причините за аплицирање, очекувањата од работата или целите во кариерата како и да приложи и други документи од негов интерес
- Кандидатите за вработување потребно е помеѓу останатото да поседуваат одредени вештини и способности за работа во Министерството, меѓу кои:
-Одлични меѓучовечки вештини
-учење и развој
-комуникација
-ориентираност кон странките
-способност за тимска работа
-организациски вештини
-способност за работа под притисок и почитување на крајно утврдените рокови
-професионално однесување и позитивен однос кон работата
4. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за селекција формирана од страна на министерот согласно одредбите од Законот за внатрешни работи („Службен весник на РМ" бр. 42/20 14, 116/2014, 33/2015. 5/2016, 120/2016, 127/2016, 142/2016, 190/2016 и 21/2018) и Правилникот за начинот на селекција и избор на лица кои засноваат работен однос во Министерството за внатрешни работи („Службен весник на РМ" бр. 1 3/20 15) и истата се спроведува во следните фази:
административна селекција
писмено тестирање (стручен тест)
психолошко тестирање
интервју
безбедносна проверка и здравствени прегледи
5. Селекцијата на кандидатите ќе се спроведува по пат на тестирање за нивната стручна оспособеност за делот во кој аплицирале.
6. Министерството за внатрешни работи ќе врши безбедносна проверка на пријавените кандидати, врз основа на претходно дадена писмена согласност од страна на кандидатот. Доколку истиот ја одбие безбедносната проверка ќе се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.
7. 3дравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.
8. Документот за докажување на Државјанството на кандидатот го обезбедува Министерството за внатрешни работи по службена должност.
9. По спроведената селекција, избраните кандидати склучуваат договор за вработување во Министерството за внатрешни работи. По истекот на периодот за стручно оспособување кандидатите ќе бидат распоредени на соодветни работни места во Министерството за внатрешни работи.
10. Пријавите со потребната документација треба да се достави до архивата на Министерството за внатрешни работи, архивите на Секторите за внатрешни работи (Скопје, Куманово, Велес, Битола, Штип, Струмица, Тетово и Охрид), секој работен ден од 07, 30 до 16, 30 часот или по пошта на адреса ул. Димче Мирчев" бр. 9, Скопје, со иазиака (за оглас за вработување).
11. Рокот за доставување на потребната Документација изнесува 15 дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).
12. Ненавремената, непотполната и несоодветна документација нема да се разгледува.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за внатрешни работи www.mvr.gov.mk. каде и ќе биде објавен јавниот оглас и од каде можат да ја симнат пријавата за вработување како и да добијат информации за функциите, надлежноста и делокругот на работа на Министерството за внатрешни работи.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
извор: fakulteti.mk
КОНКУРС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МВР
Featured jobs
-
Бараш работа во здравство? Неуромедика вработува на четири позиции!
4 слободни позиции, аплицирај!
-
Плати од 30.000 до 45.000 денари - SUSHICO има потреба од 13 вработени
4 слободни позиции
-
Слаткарница „Палма“ вработува ПЕРСОНАЛ за работа
добредојдени се кандидати со минимум средно образование
-
Текнопанел вработува кандидати на повеќе позиции
4 слободни позиции-аплицирај!
-
Плата од 33.000 до 55.000 денари: Огласи за работа во Салваторе – автентичен италијански ресторан во срцето на Скопје!
Салваторе Ресторан Скопје нуди уникатно гастрономско искуство со совршен спој на италијански вкусови и префинета атмосфера.
-
Неделен пресек на огласите: Работни места со плата над 40.000 денари
Оваа недела, ги издвојуваме најатрактивните работни места со плата над 40.000 денари. Ако барате нова работа со конкурентни услови, не пропуштајте ја оваа можност за да аплицирате!