Министерот за надворешни работи Никола Димитров објави дека 102 наши студенти кои биле во Турција, се вратиле во земјава.
„Уште една успешна репатријација: 102 наши студенти кои пројавија интерес да се вратат дома од Турција пристигнаа во земјата и се сместени во државен карантин. Hoş geldiniz (Добредојдовте) и чувајте се“, информира министерот Димитров.
Ова е до сега 7-ми хуманитарен конвој (трет од Турција) во организација на МНР.
Со ова, вкупната бројка на репатрирани македонски граѓани со посредство на Министерството за надворешни работи до денес изнесува 3.870.
За тоа кој се и од каде се врати во земјава говори следниов сумарен преглед.