Парите ќе бидат дистрибуирани до вработените во облик на бонуси во износ од 2.000 до 9.000 долари, во зависност од нивната позиција во компанијата.
Лери Конор, директор на една американска компанија со седиште во Охајо, за само осум дена на берза заработи 1.6 милиони долари, а парите одлучи да ги подели со своите вработени.
Неговата компанија која се занимава со недвижности, има околу 400 вработени, а мнозинството од нив продолжиле да работат и во текот на пандемијата.
Ова се тешки времиња, но начинот на кој реагираа нашите луѓе е херојски. Тоа ме натера да почнам да размислувам за основните вредности на нашата компанија: Правете ја вистинската работа и водете сметка за луѓето. Затоа, сите 1.6 милиони долари ќе бидат поделени меѓу нас. Тоа не го сметам како подарок, туку награда за нивниот придонес, изјави Конор.
Парите ќе бидат дистрибуирани во форма на бонуси во износ од 2.000 до 9.000 долари, во зависност од позицијата на секој вработен во компанијата.