за вработување на определено време до 31.12.2018 година
I. За потребата од засновање на работен однос на определено време во Агенцијата за вработување на Република Македонија, за следното работно место:
I Соработник за услуги за вработување - (1 еден извршител, во Централна служба)
Кандидатите покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
Високо образование односно најмалку 1 80 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/ 1 степен Правни, Економски науки или Психологија;
најмалку 2 (две) години работно искуство во струката;
активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
основната нето плата за работното место изнесува 23.230 денари
Кон пријавата заинтересираните кандидати треба да достават:
- Уверение / диплома за завршен степен на образование
- Потврда/Доказ за работно искуство
- Потврда/Доказ за активно познавање на комјутерски програми за канцелариско работење
- Потврда/Доказ за акгивно познавање на јазици
- Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
- Уверение за државјанство.
II. Работниот однос се заснова со полно работно време - 40 часа неделно, од понеделник до петок; a дневното работно време е од 07:30 часот до 15:30 часот.
III. Кон пријавата кандидатите треба да достават докази со кои се потврдува исполнувањето на предвидените услови.
IV. Огласот трае (5) пет работни дена од денот на објавување во дневен печат.
V. Пријавите со потребната документација да се достават во архива или по пошта на следната адреса: Агенцијата за вработување на Република Македонија - Централна служба, ул. "Васил Горгов" бр. 43, Скопје
извор: fakulteti.mk