Границите остануваат затворени најрано до крајот на мај
Македонија нема да ги отвори границите до крајот на мај, потврдуваат здравствените власти за Сител. Кога граѓаните ќе може да патуваат надвор од државата ќе се разговара на попладневната кординација на министрите за здравство од регионот со претставници на СЗО, пред утрешниот ЕУ совет. Не се исклучува можноста за меѓудржавни договори и почитување на одредени критериуми поради коронакризата како и задолжителни негативни тестови на Ковид-19 стари неколку дена доколку сакате да патувате дури и во соседството. Грција, Србија и Хрватска веќе ја споменуваат оваа превентивна мерка.
Иако некои авио компании веќе почнаа да продаваат билети, министерот за транспорт Горан Сугарески денеска предупреди граѓаните да не прават резервации бидејќи уште не е прецизирано кога ќе профункционираат аеродромите.