„Ако пред три месеци ми кажевте дека 90 проценти од нашите вработени ќе работат надвор од канцеларија со обемот на работа што го имаме, би ви кажа дека веројатноста за тоа да се случи е речиси нула, но еве се случи“, признава шефот на Морган Стенли – една од најголемите инвестициски банки во САД.
Причината зошто некои работници никогаш повеќе нема да се вратат во своите канцеларии не е само намалувањето на здравствениот ризик, ниту пак промената во начинот на размислување на менаџерите, туку и заштеда.
Канцелариите и канцелариското работење воопшто не се ефтини.
Подгответе се за најголемата промена на пазарот на трудот во последните две до три децении: Дел од вработените никогаш повеќе нема да се вратат во своите канцеларии! Притоа, споредно е тоа дали ќе се појави ефикасна вакцина и третман против коронавирусот, исто како и времето кога тие ќе се појават.
Секундарна работа е и економската криза. И не, нема да има откази како што многумина прогнозираат.
Словенечкиот енергетски гигант, ГЕН-И, кој исто така успешно работи и во Хрватска, беше првата компанија во Јадранскиот регион што покажа како ќе изгледа новата реалност.
Гостувајќи на виртуелниот панел „Новиот почеток“ организиран од ИТ компанијата Адакта, Андреј Шајн, член на управниот одбор на ГЕН-И, истакна дека неговата компанија веќе одлучила дека дел од вработените веќе никогаш нема да се вратат во своите канцеларии.
И не, тој не планира да ги отпушти, туку само ќе им овозможи да продолжат да работат од дома.
Шајн отворено призна дека се до оваа пандемија не сметал дека воопшто е возможно една таква компанија нормално да функционира со работа на далечина. ГЕН-И вработува повеќе од 500 вработени.
Но, тој не е единствениот. Нешто слично за CNBC неодамна изјави и Џејмс Горман, извршен директор на Морган Стенли, една од најголемите инвестициски банки во САД со преку 60.000 вработени ширум светот.
Нови можности за секого
Ако пред три месеци ми кажевте дека 90 проценти од нашите вработени ќе работат надвор од канцеларија со обемот на работа што го имаме, би ви кажа дека веројатноста за тоа да се случи е речиси нула, но еве се случи, признава шефот на Морган Стенли – една од најголемите инвестициски банки во САД.
Во Хрватска, една од првите компании што започна да работи од дома заради пандемијата на коронавирусот беше Инфобип, во која има повеќе од илјада вработени. Оваа компанија и пред кризата нудеше флексибилни услови за работа.
Секако, ако зборуваме за ИТ компании треба да имаме предвид дека тие и претходно беа свесни за можностите кои ги нуди технологијата. Но, фактот дека големите енергетски и финансиски компании разгледуваат нови можности јасно покажува дека пандемијата ќе го промени пазарот на трудот, не само во однос на понудата и побарувачката, туку и квалитативно.
Повторно се враќаме на ГЕН-И каде едно едно истражување покажало дека 80 проценти од вработените изразиле интерес за работа од дома, дури и по релаксирање на мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.
Канцелариите и канцелариското работење не се ефтини. Шајн рече дека благодарение на работата од дома, ГЕН-И ја намалила емисијата на јаглерод диоксид за дури 70 отсто. Тоа значи дека се трошо помалку енергија во канцелариите, но исто така се троши и помалку енергија за вработените да стигнат на работа.
Ова значи помалку кафулиња и ресторани околу компаниите, а ова повторно значи смалување на штетното влијание врз животната средина. На состанок нема да се патува, туку виртуелните состаноци ќе дојдат на местото на физичките.
Сето ова не значи дека ГЕН-И и Морган Стенли нема веќе да имаат канцелариски персонал, туку дека дел од вработените нема да имаат потреба секој ден да доаѓаат на работа во канцеларија. Оптималниот однос помеѓу бројот на вработени во канцеларија и оние од дома се уште не е познат.
За некои компании во регионот, ова секако може да биде можност да се задржат талентите кои сакаат да одат на работа во странство. Ако работите од дома, од гледна точка на работодавецот, не е воопшто важно каде е вашиот дом.
Но, овој вид на промена ќе има и своја друга страна. Во Кина и САД, ова е делумно почувствувано од страна на банките кои финансираат претприемачи што градат деловни простории, како и угостители и други даватели на услуги во области каде се наоѓаат големи деловни простории.
Нивната побарувачка е намалена, а условите утврдени претходно го прават нивниот бизнис поскап. Од гледна точка на државата, оваа промена ќе биде предизвикувачка заради можноста и ефикасноста на регулирање на работата од дома.
Во игра се повеќе интереси, па дури и противречним така што едно е сигурно: дел од вработените веќе никогаш нема да се вратат во своите канцеларии, а тоа секако ќе има некои позитивни и некои негативни последици.