Туристите во Грција повторно ќе можат да одат почнувајќи од јули годинава, потврдуваат од грчката влада. Оттаму велат дека за туризмот ќе се отворат од 1 јули и додаваат дека деталите за повторното стартување на грчката туристичка индустрија, вклучувајќи ја и финансиската поддршка, ќе бидат утврдени на 15 мај.
Но, најпрвин мора да се утврдат протоколите за безбедно патување. Туристичката индустрија создава 30% од грчкиот БДП и дава најголем поединечен придонес во буџетот. Грција со приватизацијата на државен имот годинава ќе собере само дел од зацртаните приходи поради падот на цените под влијание на пандемијата на корона вирусот, кој ги принуди на одложување на планираната продажба.
Атина годинава очекува приходи од приватизација од 350 до 400 милиони евра, што е значително помалку од очекуваните 2,4 милијарди евра.