Денеска се регистрирани 20 оздравени пациенти. За жал, има еден починат пациент од Тетово на возраст од 61 година хоспитализиран на 28 април. Направени се 242 тестирања, потвтрдени 14 нови случаи. Со ова вкупната бројка од почетокот на епидемијата низнесува 1586, оздравени се 1099лица, починати 90, а активни 397 пациенти, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Министерот, исто така, соопшти дека утрово имало состанок на Комисијата за заразни болести и во однос на дел од дискусиите е предложено полицискиот час за време на викендот да почнува од 19 часот и да трае до 5 часот следниот ден утрината и тоа како предлог ќе биде дадено на седницата на владата во 16 часот.
Во однос на олабавувањето на мерките за следната недела останува да ја следиме состојбата во текот на денешниот ден и после тоа ќе излеземе со соодветни предлог мерки до штабот и до владата, изјави Филипче.
Извор: Прес24