Веро маркетите викендов (сабота и недела) работат од 7 до 18 часот, при што пензионерите имаат приоритет за пазарување во терминот од отворање на маркетите до 10 часот. Услугата Vero Drive за подигнување телефонски нарачки од Веро центар во Скопје, освен од понеделник и петок,ќе биде достапна и денеска (сабота) од 7 до 18 часот.
Промената на работното време за викенд доаѓа откако Владата одлучи забраната за движење на граѓаните во сабота и недела да почнува од 19 часот, наместо од 14 часот. Менаџментот на Веро будно ја следи состојбата и го прилагодува работното време според донесените мерки за заштита во кризната ситуација, но и според потребите и очекувањата на потрошувачите со цел да им овозможи навремено и безбедно снабдување со потребните производи.
Работното време на Веро маркетите од понеделник до петок во моментов останува исто како и досега, од 7 до 18 часот. Во маркетите продолжуваат да се спроведуваат сите мерки воведени од Веро со кои на потрошувачите и вработените им се обезбедува максимална заштита и овозможува безбедно пазарување.