Оваа сабота, 14 април ќе биде последната работна сабота во која учениците ќе одат на училиште.
Имено, ова е е последна сабота што ќе се одработува за оваа учебна година, односно четврта сабота во цела учебна година, која мора да биде работна.
На тој начин се задоволува законската одредба за настава реализирана во 180 работни дена, објаснуваат од Министерството за образование и наука.