Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година.
УЈП ги повикува граѓантие кои се регистрирани корисници во системот „е-Персонален данок“ да изршат увид во Годишната даночна пријава за 2019 година преку своите профили.
На овој начин, граѓаните може да ја потврдат или корегираат Годишната даночна пријава за 2019 година, најдоцна до 31 мај 2020 година.
По истекот на законскиот рок, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или корегирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишни даночни пријави кои од страна на физичкото лице не се потврдени, а ниту пак корегирани.
Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја корегирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.
Доколку службеното лице не ја одобри пријавата, ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.