Министерот за транспорт на Велика Британија, Грант Шапс, ги повика Британците на работа да одат со велосипед или пеш по укинувањето на блокадите воведени поради коронавирусот, со цел да се намали притисокот врз јавниот превоз.
Шапс им апелираше на граѓаните да продолжат да работат од дома доколку имаат можност, но ако треба да одат на работа да користат велосипед или да одат пеш избегнувајќи користење на приватни автомобили за да не настане метеж во јавниот превоз.
Дури и кога јавниот превоз ќе биде целосно пуштен, ако се земе предвид мерката за социјално дистанцирање и неопходно одржување на растојание од два метра меѓу патниците, тогаш капацитетот на сите возила и средства во јавниот превоз е многу ограничен при што возможно ќе биде да влезат само 10 патници во возилото, изјави Шапс, а пренесе Klix.