Ве молам споделете
Меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство. Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР кој веќе постапува за овој случај.
Меѓу граѓаните се шири е-маил со невистинита содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство, соопшти министерот Венко Филипче. Тој додаде дека за случајот е известен Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи и дека тој веќе постапува за овој случај.
Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: contact@zdravstvo.gov.mk.
Филипче апелира до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација.
„Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество“ вели Филипче.