Србија ќе ги отвори границите за проток на патници во целост од 1 јуни, но само со четири соседни земји, дознава Блиц
Начелно, Србија од 1 јуни ги отвора границите со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора, вели извор за порталот Блиц.
Оваа одлука е донесена затоа што ниту една од овие земји не беше жариште на коронавирусот.
Исто така, одлуката е донесена првично заради студентите од Република Српска и Црна Гора кои редовно циркулираат во земјата.