Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека од денес почнува скринингот на одредени категории групи на граѓани за Ковид-19.
Први на скрининг ќе бидат вработените во градинките, односно околу 2.000 лица.
За период од една недела може да се заврши тој процес и градинките би се вратиле во функција. Она што е најважно, е животот постепено да се враќа во нормала, а граѓаните да се придржуваат до препорачаните мерки за заштита, рече тој, најавувајќи го предлог планот за олабавување на мерките воведено за спречување на ширењето на коронавирусот.
Дополнително, Владата вчера донесе одлука за да започне олеснување на ограничувањата воведени поради епидемијата на коронавирусот и да бидат отворени, меѓу другото, и трговските центри.
Извор: Радио Слободна Европа