Спортскиоте обложувалници и другите уплатно – исплатни места од денес (13.05) можат да започнат со работа, но задолжително почитувајќи го протоколот за отворање и работа изготвен од страна на Комисијата за заразни болести.
Протоколот за отворање и работа на уплатно – исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалница се состои од 10 точки:
- Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно-исплатните места.
- Одржување на физичко растојание од 2м помеѓу присутните играчи во просторијата
- Влез со маски за сите играчи
- На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња
- На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2м со играчот кој следен чека за уплата
- Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата
- Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци
- Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
- На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства