Кит-Го, Тера и Супер Кит-Го маркетите се првите поголеми ланци на супермаркети во Македонија кои одлучија недела да биде неработен ден за сите вработени!
Над 900 вработени кои се дел од големото семејство на Кит-Го, Тера и Супер Кит-Го маркетите низ Македонија ќе имаат еден ден целосно да му се посветат на семејството и најблиските.
Ова доаѓа откако компанијата, која што целиот свој успех го темели на посветеноста и ангажманот на своите вработени, одлучи да воведе неработна недела во сите 54 маркети низ земјата.
Иницијативата за неработна недела веќе подолго време е актуелна во регионот, меѓутоа бројот на компании во секторот трговија кои го променија своето работно време за да им излезат во пресрет на своите вработени е многу мал.
Кит-Го, Тера и Супер Кит-Го маркетите се првите ланци на супермаркети во Македонија кои се решија да воведат неработна недела за сите вработени.