Согласно новата Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи која беше објавена во Службен весник на Република Северна Македонија (04.04.2020г.) во член 3 е уредено користење на неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година и првиот дел од годишниот одмор од 2020 година.
Согласно Уредбата, за работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.
За работниците вработени во приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.