Словенечката влада преку телефонска сесија која се одржа во четвртокот, прогласи крај на епидемијата на коронавирусот со што Словенија стана првата европска земја на која ја доби битката со Ковид-19.
Националниот институт за јавно здравје на Словенија процени дека сите показатели покажуваат дека ширењето на коронавирусот е забавено, односно дека се регистрирани само 35 нови случаи на инфекција во последните 14 дена.
Но сепак, бидејќи се уште постои ризик од ширење на инфекцијата, некои рестриктивни мерки ќе останат на сила.
Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија е регистриран на 4 март, а до 13 мај биле утврдени вкупно 1.464 позитивни случаеви, додека пак бројот на починати од Ковид-19 изнесува 103 лица.
Словенија прогласи епидемија на коронавирус на 12 март, а со тоа Цивилната заштита доби правна основа за преземање на мерки за борба против пандемијата.
Во четвртокот, владата усови и мерки за преминување на границата, така што граѓаните на Словенија и другите земји од ЕУ повеќе нема да мора да бидат во карантин при влез во земјата.