2.350.000 граѓани аплицирале за еднократна државна помош од 100 евра која Владата на Република Србија им ја дава на граѓаните за да ги намали економските последици од кризата поради пандемијата.
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, објави дека големиот одзив е потврда за тоа дека Владата ја погодила суштината на мерката.
Очигледно, толку голем број на луѓе кои аплицираа ја оправдува оваа помош, рече Мали за РТС.
Мали исто така истакна дека е многу горд на мерките преземени од страна на државата, кои ги оцени како соодветни мерки во вистинско време.
Тој потсети дека еднократната помош од 100 евра за секој полнолетен граѓанин е само дел од помошта, потсетувајќи дека државата минатата недела ја исплатила минималната плата и додаде дека таа исплата ќе следува и во јуни и јули.
Мали изјави дека исплатата за пензионерите започнува денес и дека 100 евра ќе бидат исплатени на сметките на еден милион пензионери, кои ќе можат да ги повлечат во сабота.