Назначувањето на Милош Лучиќ на функцијата министер за човекови права и бегалци во Советот на министри на БиХ беше потврдено денес во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ.
За неговото назначување гласале 22 пратеници, додека 15 биле против – воздржан само еден.
Пратениците имаа најмногу забелешки за неискуството на кандидатот за министер во областа на човековите права.
Така на пример, пратеникот Бранислав Бореновиќ од ПДП даде приговор за времетраењето на студиите на Лучиќ. Бореновиќ кажа дека гласал против затоа што е против праксата да се назначуваат млади луѓе кои немаат доволно искуство на значајни позиции.
Од друга страна, пратеничката на СНСД, Сања Вулиќ, застана во одбрана на новиот министер појаснувајќи дека нема конкурс или посебен услов за назначување на министер затоа што тоа е политичка фигура која носи и политичка одговорност.
Треба да му се даде шанса на Лучиќ бидејќи сум убедена дека тој и неговиот тим советници успешно ќе ја извршуваат работата, рече Вулиќ.
На прашањето зошто му биле потребно пет години за да ги заврши своите четиригодишни студии во средно училиште, тој изјави дека морал да ја повторува четвртата година бидејќи имал проблем со некој професор.
На прашањето зошто му требале 12 години да заврши факултет, тој рече дека се обидел да изгради банкарска кариера за време на студиите, а после тоа отишол во Бања Лука каде ги полагал испитите.