Еден сопственик на ресторан од Тексас одлучил на интересен начин да ги тестира своите работници. Тој се маскирал во бездомник и седнал на маса.
Марија е една од келнерките во тој ресторан и работела како и обично кога на нејзината маса седнал човек кој ќе и го промени животот. Марија го послужила како и останатите гости и му кажала:
-Моето име е Марија, ако нешто ви треба, само јавете ми.
Бездомникот забележал дека никој друг од персоналот не сака да го погледне, а камоли да ги послужи.
Сопственикот на ресторанот им кажал на вработените дека ако послужат некој кој не може да си го плати оброкот, дека тие ќе мора да платат за него. Но тоа не ја спречило Марија.
Откако мажот завршил со јадењето, платил и отишол, но оставил банкнота од 100 долари и мала порака…
-Драга Марија, го имаш моето почитување затоа што гледам дека се почитуваш себе… Тоа се гледа во начинот на кој пристапуваш кон луѓето, го пронајде клучот на среќата, твоите добри постапки ќе те пратат тебе и луѓето околу тебе.
Сопственикот на ресторан се маскирал во бездомник и отишол во сопствениот ресторан, како би се уверил во квалитетот на работата на персоналот и ресторанот.
Марија немала поима за кого се работи, но не и било ниту важно. Немала предрасуди. Се грижела само тој, како и останатите гости да има се што му е потребно.
Нејзината работна етика не само што и донела голем бакшиш, туку сопственикот ја унапредил во управителка на ресторанот. Нејзината доброта засекогаш и го променила животот, а и им покажува на другите дека добрината секогаш со добро се враќа.