Времето денеска ќе биде умерено облачно и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 20, а максималните од 27 до 34 степени.
Во Скопје и околината ќе биде умерено облачно и многу топло со умерен јужен ветер и со температури од 18 до 34 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса до вторник дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период на годината.
Од понеделник во попладневните часови ќе има дестабилизација на атмосферата со локален пороен дожд и грмежи, а од среда дневната температура осетно ќе се намали.