Спасовски: Платежни картички со 9.000 денари, ваучери за одмор за лицата со приходи под 15.000 денари месечно
Невработените, младите, социјално загрозените лица како и лицата од јавниот здравствен сектор ќе добијат директна помош од страна на Владата, соопшти денеска премиерот Оливер Спасовски.
-Третиот сет на економски мерки кои ги утврди Владата се за релативизирање на економијата, Воведуваме платежни картички за поголема потрошувачка. Платежната картичка ќе биде во вредност од 9ооо денари за македонски производи.
-За оваа картичка ќе може да аплицираат барателите на работа кои немаат над 15.000 денари примања, како и социјално загрозените лица. Картичката ќе се користи само за домашни компании и во период од 30 дена. Ќе бидат дадени и ваучери за летување дома. Ваучерите ќе бидат во вредност од 6000 денари оваа мерка ќе ја користат оние кои примаат помала плата од 15000 денари.
Парична помош за младите од 3000 денари и ваучери за ИТ вештини. Викенд без ДДВ, односно ќе ја поттикнеме потрошувачката каде ќе има попусти на облека, бела техника, санитарија. Паричен надоместок ќе има и за они кои останале без работа од 11 март до 15 април, изјави Спасовски.
извор: citaj.mk