На сајтот на Агенцијата за вработување во моментов има 8.898 слободни работни места.
Дури 6.636 од нив се во Скопје, а останатите се во Тетово (482 слободни места), Струмица (428 слободни места), Гевгелија (197 слободни места) и Виница (183 слободни места).
Најмалку слободни работни места има во Ресен (1), Демир Хисар (1), Валандово (2), Пробиштип (3) и Берово (3).
Има и градови без слободни работни места, а такви се Кратово, Крушево, Дебар и Свети Николе.
Освен по градови, Агенцијата за вработување редовно прави и анализа по дејности па така најголем број слободни работни места има во секторот Административни и услужни дејности (3.920), па потоа следат Преработувачка индустрија (1.215), Трговија на големо и трговија на мало (987), Градежништво (879) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (725).
Најбарано работно место во овој момент е Водоинсталатер со дури 807 слободни работни места.
Следни на листата се Продавач (519), Раководител на услужен објект (400), Општ работник (379) и Лимар (330).